Гласав со отпечаток од прст: Фрлени пари за апаратите!

by fokus

Уредите за биометриска идентификација на гласачите, сепак, не функционираат беспрекорно, како што се очекуваше. На социјалните мрежи се актуелни поплаки од гласачи кои сведочат за своите негативни искуства. Еден од нив е и познатиот уметник и графичар, Зоран Кардула, кој открива дека гласал со отпечаток на прст.

-Гласав, но морам да напишам дека апаратите за идентификација „фингерпринт“ се чиста глупост и пари фрлени. Голем дел од гласачите не ги идентификува со отисок па дури и со користење на лична карта во самиот апарат како што беше и во мојот случај и на крај одобрено ми беше гласање со отисок од прст на самиот список. Така да пак ќе кажам огромни пари фрлени“, пишува Кардула.

Од ДИК пак, дале инструкции редовно да се чистат скенерите каде се става отпечатокот од прст, а граѓаните посилно да притискале кога оставаат отпечаток.

Поврзани новости