Гласањето за нов јавен обвинител одложено, претресот заврши без опозицијата

by fokus

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, го закажа гласањето за нов јавен обвинител за 22-ри декември, во истиот ден кога е закажана парламентарната расправа за предлог буџетот за 2018 година.

Претресот по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде шеф на републичкото јавно обвинителство, заврши денеска без присуство на опозицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа денешната седница и иако најавени за збор, не беа присутни да го искористат своето право.

На седницата се обратија само пратениците на СДСМ, кои го бранеа изборот на Јовески, и пратениците од ДУИ, ДПА и БЕСА кои бараа од идниот јавен обвинител еднакво третман кон сите граѓаните на Република Македонија.

 

Поврзани новости