523
Гласањето на место 2011, во Теарце, заврши во 19 часот. Во тек е пребројувањето на гласовите.
До 21,30 предвидено е Државната изборна комисија и официјално да ги соопшти резултатите од денешното гласање. Неофицијално, гласале 402 лица. На 11 декември гласале 404 жители на селото.
На ова избирачко место се регистрирани 714 гласачи. Излезноста беше речиси идентична како и на гласањето на 11 декември. Ако на ова гласачко место СДСМ добие 307 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ можно е конечните резултати за распределбата на пратеничките места (51:49 во корист на ВМРО-ДПМНЕ) да бидат променетеи – 50:50.