Ахмети , Села и Острени ќе коалицират со патијата кој ќе им понуди иднина

by fokus

Само со заедничка платформа со учество на сите политички претставници на Албанците во Македонија може да се избориме за правата на Албанците, рече по денешната средба со дел од нив, лидерот на ДУИ Али Ахмети, објави АКО.мк.

На неговата покана се одзва само Алијансата на Албанците, коалиција формирана пред изборите која освои три пратеници, а во неа влегуваат Движење за реформи во ДПА на Зијаден Села, Унитети на Гзим Острени и НДП на Весел Мемеди.

Тие упатија отворена поканата до ДПА и Беса да им се приклучат. .

„Ќе коалицираат со онаа партија од македонскиот политички блок која ќе им понуди иднина. Остануваат на барањата за албански јазик како втор службен јазик, продолжување на мандатот на СЈО, имплементација на препораките од Извештајот на Прибе, рамномерна распределба на буџетот, консезуално одлучување за сите битни прашања“, пишува порталот.

Поврзани новости