„Прашањето на уставните измени е суверено право на Северна Македонија и таа треба да одлучи. Во однос на Уставот, важно е да видиме какви се точно предлозите и откако ќе бидат подготвени во нацрт верзија, да следи дебата за тие предлози. Обврската е да се внесат луѓето кои се самоидентификуваат како Бугари во Уставот. Тоа е нешто што дополнително ќе ја консолидира земјата која веќе има добро досие во однос на меѓуетничките односи“ рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир запрашан за уставните измени.
„Она што го гледаме во моментов е моментум, не само тука во Северна Македонија, туку исто така и во регионот и пошироко. Минатата година видовме дека беше понуден кандидатски статус на Украина, Грузија, Молдавија и на БиХ, како и отворање на пристапните преговори со вас и со Албанија. Значи постои моментум, а патот е напред. Затоа е важно да се зграпчи тој моментум и да се оди напред заедно со другите земји во тој процес. На земјата е да одлучи, се надеваме дека ќе напредувате. Никој друг не стои на патот, нема вето, нема блокади, следниот чекор е во рацете на земјава. Во однос на скирнинг процесот веќе кажав дека одлично напредувате“ – вели Гир.
Евроамбасадор повтори дека ЕУ ја сака земјава во ЕУ „затоа што имаме искренa, реалистичнa оценка/пресметка дека е во заеднички интерес на оваа земја и на ЕУ, врз основа стабилноста, безбедноста, просперитетот и демократските вредности“.
За борбата против корупцијата тој нагласи дека земјата постигна одреден напредок, но вели потребно е многу повеќе.
„Потребно е да видиме одлучна акција, тоа ја вклучува Владата која треба да ја има водечката улога, но и останатите институции кои се вклучени како судството, Парламентот, кои треба да покажат решителна и јасна активност за унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата“ рече евроамбасадорот.