667
Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ.
И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Северна Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.
– Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.