„Реформите во правосудството со кои ќе се обезбеди владеење на правото е тековен процес што мора да се движи напред, потребни се значајни чекори за натамошен напредок“ порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир по потпишувањето на Договорот за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителната станица за отпадни води во Скопје.
Тој нагласи оти ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и техничка помош во тој процес.
Евроамбасадорот порача дека мора да се осигура дека ќе има правосудство што ќе ја има довербата на јавноста и кое ќе биде независно, професионално и објективно.
„Како што знаете Европската Комисија секоја година има извештај за земјата која го следи напредокот преку граница во областа на реформите поврзани со ЕУ и природно ова длабински го разгледува прашањето за реформите во правосудството и владеењето на правото бидејќи е суштински елемент во пристапниот процес. Токму затоа го следиме развојот во секоја фаза од самото отварање на преговорите до приклучувањето на земјата“ рече Гир.
Оцени дека има напредок во некои области и охрабри.
„Секој граѓанин добро знае дека има сериозни слабости што треба брзо да се решаваат“ потенцираше Гир.