Гир го претстави извештајот на ЕК, власта и опозицијата со различна диоптрија

by Фокус

Последниот Извештај на ЕК за земјата не е само оценка за настаните и препораки за подобрување, туку сега повеќе од кога било е упатство за како да се напредува во процесот на пристапување во однос на многуте реформи за влез во ЕУ, тоа е упатство наменето кон целата земја, сите општетстевните чинители, а пред се, кон Владата, но и кон другите државни институции, вклучително и Парламентот, кој ќе има многу важна улога во пристапниот процес.

Ова го порача шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Дејвид Гир кој го претстави Извештајот на ЕК на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања.

Тој ја повтори оценката за законодавниот дом содржана во Извештајот според која неговата работа била засенета од политичка поларизација, и дека се потребни добро планирање и консултации за да ја ограничат употребата на брзите процедури со цел да се дозволи ефетивен надзор и консултации по однос на законите.

-Многу внимание е посветено на овие опсервации со оглед на важната улога што Парламентот ќе ја игра во процесот на пристапување. Но, ова е дел од поголема појава на политичка поларизација на пошироко ниво што бара напори од сите политички чинители за да се залечи. Ова се заснова на убедувањето кое што повтопрно произлезе од други успешни процеси на пристапување дека одржливиот напредок може да се постигне доколку усвојувањето на реформите стане проект на национално ниво, кој што ја вклучуваат Владата, опозицијата, сите државни институции, НВО и бизнис заедницата – рече Гир.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ ја истакна генералната оценка на Извештајот на ЕК дека во околу 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност.

-Земјата го има задржано темпото на напредок и има подобрување во 23 од вкупно 43 области односно поглавја додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок. Како Влада целосно сме согласни со еврокомесарот Вархеји дека Северна Македонија треба да го искористи овој моментум и да го покаже целиот свој потенцијал преку забрзување на реформите и повика на обединување и консензус на сите политички сили во Парламентот за постигнување на оваа тридецениска цел. Верувам дека само со национален консензус и максимално вложување на Владата како носител на преговорите – рече Маричиќ.

Пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата си разменија обвинувањата за тоа кој е причина за слабите оценки за функцинирањето на Парламентот. Според пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, имаме партиски преговарач постои недоверба во евроинтегративниот процес.

Тој презентираше компаративна анализа за Извештајот на ЕК за земјата за 31 област, според која Северна Македонија во пет позиции бележи оценка нула или нема напредок, а во 10 оценка 1 односно незадовоилитетлен напредок, а Собранието, вели, е оценето со најниска оценка во однос на последните четири години.

-Во оваа анализа овие пет нули и 10 единици се сосема заслужени и ја отсликуваат декларативната заложба на власта која реторички секогаш говори добро за ЕУ, а суштински не работи по однос на унапредување на станадрадите во функционирањето на инстуитуциите на Македонија. Ова е прв Извештај, во којшто за жал Собранието е оценето со пониски оценки и е забележана злоупотребата на европското знаменце за предлог закони кои немаат никкава врска со европската регулатива туку имаат врска со интересите на одредени политички или бизнис групи – рече Милошоски.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ подвлече дека Извештајот на ЕК е водич за натамошната работа на институциите, но особено тоа се однесува на Собранието како највисок законодавен дом кое има клучна улога во европинтегративниот процес, а настапот на Милошоски го оцени во склад со, како што вели, она што опозицијата го прави на дело во Собранието.

Поврзани новости