Беше дел од турнејата на ,,Индекси”, но ретко кој ја препозна: За една година изгубила 80 килограми!

by Фокус

Ретко кој од публиката на прв поглед ја препозна српската џез и блуз пејачка Бојана Стаменов, која беше дел од регионалната турнеја на ,,Индекси”, а пред неколку дена настапи и во салата на Македонската филхармонија во Скопје.

Од над 180 килограми, таа за една година успеала речиси да ја преполови својата тежина, и за време на турнејата на ,,Индекси” и пријателите, се појави во едно сосема поинакво издание, од она на кое публиката беше свикната во минатото.

За проблемите со вишокот на тежина, младата пејачка често разговараше отворено и во постари интервјуа раскажуваше дека токму поради тежината започнале низа на здравствени проблеми, кои направиле да се реши за промена на навиките во исхраната.

Уште во 2020 година започнала да се подготвува да оди на хируршка интервенција за скратување на желудникот, а поради најавената интервенција, морала првин да започне да вежба и да ја промени исхраната.

Но, четири месеци откако започнала со здрав начин на исхрана, таа забележала дека килограмите започнале да се топат, и ослабнала дури 30 килограми за тој период. Тогаш сфатила дека операцијата е ризичен зафат, па одлучила да се обиде да ја доведе линијата во ред без хируршка интервенција, туку само со ефективна диета.

-Пилешко, јајца, риба, зеленчук и овошје по утврден режим, секако со активни тренинзи од персонален тренер – раскажуваше Бојана, радосна бидејќи за помалку од една година намалила 80 килограми.

Резултатот од новиот начин на живот е повеќе од очигледен, а Бојана за време на концертите со ,,Индекси” најчесто настапува во фустани кои се припиени на половината. Во соседна Србија веќе ја нарекоа српска Адел, поради драстичната промена за краток период.

Вики Клинчарова

Поврзани новости