Гир: ЕК очекува почеток на преговорите со Северна Македонија до крајот на годинава

by fokus

Европската комисија потврди дека Република Северна Македонија ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство и смета дека одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ, истакна еврокомесарот Дејвид Гир, презентирајќи го извештајот на ЕК за напредокот на земјата во процесот на евроинтеграција.

Гир на заедничката прес-конференција со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, го пренесе заклучокот на ЕК дека се очекува првата меѓувладина конференција со која би бил означен стартот на преговорите со Северна Макеоднија да се одржи до крајот на годинава.

Затоа, истакна, Гир треба да бидат засилени напорите за решавање на прашањето со Бугарија.

Треба да продолжи и имплементацијата на билатералните договори со Бугарија и со Грција, од сите страни потписници.

Земјата покажа цврста решеност да напредува кон ЕУ, одржува чекор во реформите и има резултати. Треба да продолжат напорите поврзани со борбата против корупцијата, владеење на правото и реформа на админситрацијата, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.

Поврзани новости