Гир: Брисел ги проучува измените во Кривичниот законик, наскоро ќе има одговор

by Fokus

Евроамбасадорот  Дејвид Гир денес изјави дека Европската Унија наскоро треба да излезе со став во врска со измените на Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции во јавноста, како во однос на нивната содржина така и околу самата процедура при нивното донесување по скратена постапка (со европско знаменце).

-Мислам дека тие се проучуваат од колегите во Брисел и сигурен сум дека наскоро ќе има одговор на тоа прашање, изјави кратко Гир, на новинарско прашање за измените на Кривичниот закон.

Идентичен беше и неговиот одговор на прашањето како ја коментира самата процедура, односно носењето на измените со европско знаменце.

-И двете прашања верувам дека ќе бидат одговорени од Брисел во скоро време, изјави   Гир, кој учествуваше на регионалниот форум Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ.

 

Поврзани новости