Гир: Ако не го смените Уставот, преговарачкиот процес запира тука

by fokus

Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Со начинот на којшто договорот е направен, преговорите се отворени. Скринингот започна и имавме нешто што е наречено меѓувладина конференција со која започна целиот процес. Кога скринингот ќе биде завршен во оваа фаза, да одите на наредната точка е потребно да има друга меѓувладина конференција. Одржувањето на таа меѓувладина конференција зависи од овој билатерален договор меѓу двете засегнати земји. Секако, тоа е суверена одлука за Северна Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму. Ќе го завршите скринингот, но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање. Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето, туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија, вели Гир.

Тој вели дека имал средби си лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

-Всушност имав средби со лидерите на сите партии и ќе продолжам да го правам тоа. Речиси сите партии и ќе продолжам да го правам тоа во претстојните месеци како дел од нашите регуларни контакти. Се разбира имаме многу отворени разговори за сите прашања, особено за отворањето на процесот на преговори и следните чекори напред и тие разговори со сите различни партии мислам дека се важни за да ја објасниме нашата позиција и да ја разбереме позицијата на другите, вели Гир.

Поврзани новости