Гиговска се откажа, Јаневски ќе настапи на фестивалот за годишнината од Рамковниот

by Фокус

Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава. Младата пејачка порача дека го откажала настапот, бидејќи не знаела дека има политичка конотација.

„Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дел од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“, стои во пораката од Гиговска.

На официјалната фејсбук страна на Министерството за политички систем е тргната објавата во која беше најавена Гиговска и има нова објава со Владо Јаневски.

Поврзани новости