Ги сметаше за пријатели и им изгради кариера, а не му дојдоа ниту на погреб, вели братот на Синиша Михајловиќ

by fokus

Дражен Михајловиќ, брат на легендарниот фудбалер Синиша Михајловиќ (54), кој пред два дена беше погребан во Рим, со отворено писмо се обрати до јавноста.

Во писмото, тој се заблагодарува за поддршката која семејството ја добило овие денови, и ги спомнува сите оние кои биле покрај нив во тешките моменти.

-Зборовите не можат да ја опишат тагата, ниту пак било која реченица ќе ја искаже болката. Синиша не беше само наш, српската и италијанската нација го сметаа за свој, и затоа чувствуваме дека во оваа болка не сме сами, пишува Дражен, заблагодарувајќи се на јавноста, на медиумите, на пријателите и колегите, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ и на српската Влада.
Се заблагодари и на навивачите и на фудбалските делегации кои дошле на погребот, но ги спомна и оние, за кои вели дека Синиша цел живот ги сметал за свои пријатели и им помогнал да изградат кариери, а тие пак не им изразиле сочувство, ниту пак присуствувале на погребот.

-Им се заблагодаруваме дури и на оние кои брат ми сметаше за големи пријатели, и учествуваше во создавањето на нивните кариери, а кои ниту се појавија на погребот, ниту пак изразија сочувство до семејството. На чест нека им биде – порача тој.

Славниот српски фудбалер и тренер почина по долгата битка со леукемијата во петокот. На неговиот погреб во Рим присуствуваа голем број на познати имиња од фудбалот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости