„Не може секогаш да се поврзуваат важните процеси со некои потребни барања“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во одговор на новинарско прашање за штрајкот на Државниот испитен центар (ДИЦ) и најавеното одржување на државната матура.
„Јас ги поддржувам барањата, но мојот конечен став е дека матурата ќе се реализира на 27 мај согласно рокот. Барање е и на средношколците и денеска во комуникација со ДИЦ, според информациите што ги имам, се прават сите подгототвки за да се полага матурата на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар од МОН за да може да ги завршиме работите“, рече денеска Шаќири.
„Ќе престанеме со овие изјави. Сакавме со помош на медиумите да покажеме колку се битни луѓето кои што работат во ДИЦ и колку е важна матурата. Тоа што е во надлежност на овие лица што се во штрајк ќе биде во мирување, затоа што ние сме во штрајк“, рекоа вчера од ДИЦ.