657
На 11 гласачки места дошло до прекин на гласањето, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, посочувајќи дека гласањето овие овие места ќе продолжи.
-На 6 избирачки места се гласа на стариот начин, зашто не може да се смени апаратот со теренско возило, а мал е бројот на гласачи на тие места – рече Даштевски.
Тој додаде дека во повеќе избирачки места се прави гужва , поради тоа што во просториите се пушта по еден човек согласно ковид-протоколите.
-Сега им препорачавме да пуштаат онолку луѓе колку што има гласачки кутии – истакна Даштевски.
Граѓани реагираат дека големи гужви се прават на гласачките места во Скопје, како и во други општини каде се регистрирани поголем број на гласачи.