384
Градинката „Детска радост“ од Гевгелија во демант на обвинувањата што денеска ги објави пратеничката Ангелина Петкова тврди дека во клонот „Цветови“ немало насилство над детето, туку повредите (гребаници на лицето) ги добило во детска игра.
Претходно, Министерството за труд и социјална политика за „Фокус“ потврди дека во градинката е извршен вонреден инспекциски надзор, откако ВМРО-ДПМНЕ обвини за насилство на детето во овој објект.