Нема мода за дебелите жени, па мора да изгледаат како немажени тетки, кажа пред три години, па изгуби 80 килограми

by Fokus

Верувале или не, дебелите жени имаат проблем и кога сакаат да си купат градник! Ако си дебела, нема облекување по последна мода, бидејќи се што доаѓа за крупните дами е од Турција, па изгледаме како немажена тетка – баба, која ја жали целата фамилија. Не можам да си најдам ниту соодветни чевли на штикла, кои би сакала да ги носам. За нас, чевлите треба да бидат појачани, квалитетни, а јас сакам да бидат и стилски – вака во кратко видео раскажуваше Бојана Стаменов (35), еден од најдобрите српски вокали пред три години, кога се бореше со вишокот на килограми.

Џез и блуз пејачката, која во 2015 година ја претставуваше Србија на Евровизија и зад себе има низа на успешни музички проекти, не го криеше своето разочарување поради дискриминациите со кои секојдневно се соочувала. Видеото во кое откриваше за непријатни ситуации со кои се соочила поради својата тежина го објави на Инстаграм, и истото предизвика многу реакции во јавноста.

-Постои најстрашна дискриминација на дебелите луѓе! Во авион, со тесните седишта, во кафулиња со столиците со тесни наслони за рацете, како ние да немаме право таму да пиеме кафе- се пожали пејачката. Денес, три години откако го објави видеото, таа е сосема друга жена. Со помош на регулирана исхрана изгубила над 80 килограми, а за српскиот медиум Стори раскажа дека се решила за трансформацијата откако сфатила дека никој друг освен неа не може да го стори тоа.

                  Раскажа дека животот комплетно и се сменил, и не би сакала да се врати на стариот начин на живот. Таа стана инспирација за оние кои се борат со вишокот на килограми, и во изминатиот период доста често е застапена во медиумите со теми од нејзиниот режим на исхрана.

-Се чувствувам како да сум на почетокот, како да имам 19, а не 35 години. Физичката активност ми ја промени и психата, духот ми е млад, повеќе верувам во себе и не зависам од туѓото мислење. Во минатото одбив многу песни кои ми беа понудени, бидејќи другите ми кажуваа дека не е тоа за мене, но сега ја имам самодовербата сама да одлучувам за такви работи – раскажува Стаменов.

Пред околу две години започнала да вежба со персонален тренер, кој ја поставил на специјален режим на исхрана.

-Имам три оброци дневно и секој оброк ме заситува. На пример, за појадок јадам три пржени јајца, домат, краставица… За ручек околу 250 грама пилешко месо и салата, за вечера овесни снегулки со кисело млеко или интегрално рижото со печурки, или пак салата и риба. Лебот и компирот речиси целосно ги исфрлив од исхраната – појасни пејачката.

Минатиот месец таа гостуваше во Скопје на концертот ,,Индекси и пријателите”. Настанот се одржа во Филхармонијата, и оние кои не знаеле за нејзината трансформација дури и не ја препознаа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости