Гевгеличанец се обидел да бега, откако полицијата му нашла два килограми марихуана

by Fokus

Полицијата вчера уапсила двајца Гевгеличани за недозволена трговија со дрога, а кај еден од нив се најдени два килограми марихуана, оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Струмица – ОВР Валандово на Валандовско брдо било запрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.А.(27) од с.Дедели, валандовско, и при преглед во возилото пронајдена е торба во која имало седум пакувања и две ќеси со марихуана во количина од 2 килограми. При обид да побегне, З.А. бил лишен од слобода и за случајот е известен јавен обвинител“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека малку подоцна исто така вчера, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, при извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени куршуми и друга муниција.

„Во текот на денешниот ден, пак, лишен од слобода бил и Б.О.(22) од Гевгелија со место на живеење во с.Дедели, за кој од истрагата било утврдено дека бил инволвиран во недозволена трговија со наркотична дрога. По документирање на случаите од страна на ОВР Валандово до надлежното ОЈО Гевгелија ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Поврзани новости