Бојан Москов, менаџер на продажба во СН Осигурителен Брокер АД Битола: Граѓаните и компаниите се повеќе вложуваат во осигурување

by fokus

– Граѓаните се свесни дека осигурувањето ги штити најважните работи во животот, а компаниите сакаат да ги заштитат своите инвестиции. СН Осигурителен Брокер АД Битола е нивен доверлив партнер во ситеживотни и деловни предизвици, вели Бојан Москов, менаџер на продажба во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Расте свеста колку сигурноста е важна компонента во се подинамичното и се понепредвидливо опкружување. Оттука, граѓаните и компаниите се повеќе вложуваат во осигурување кое штити од непредвидени финансиски издатоци, вели Бојан Москов, менаџер на продажба во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Граѓаните се свесни дека осигурувањето ги штити најважните работи во животот, а компаниите сакаат да гизаштитат своите инвестиции. Оттука, расте свеста дека осигурувањето е ефикасен инструмент кој штити од непредвидени финансиски издатоци во моментите кога и човекот и бизнисот се најранливи. СН Осигурителен Брокер АД Битола преку раширена мрежа подружници низ целата држава секојдневно ги опслужува граѓанскиот и деловниот сектор. Наша задача е да овозможиме избор на најоптимална осигурителна заштита за секој осигуреник без разлика дали се работи за физичко или за правно лице. Свесни сме дека секој од нив има свои индивидуални потреби и барања и секогаш правиме избор на осигурителен пакет кој ќе одговори на тие барања. Бараме оптимални решенија и во поглед на цена и во поглед на опфатот на ризици.“-вели Москов.

Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување интересот за вложување во приватно здравствено осигурување пораснал за 62 отсто во споредба со првото тромесечје претходната година. За првите три месеци годинава се склучени над 11.700 договори што е за 50 отсто повеќе од првиот квартал претходната година. Ипоказателите од деловното работење на СН Осигурителен брокер, водечко брокерско друштво во државата кое ги нуди сите видови осигурување од сите осигурителени компании, го потврдуваат растот на осигурителниот пазар, при што доброволното приватно здравствено осигурување е најбрзорастечка класа во доброволното осигурување.

„Граѓаните се повеќе вложуваат во својата здравствена грижа, а компаниите во здравствена заштита на своите вработени преку доброволното приватно здравствено осигурување. Како посветен партнер на заедницата ги следиме нивните потреби и тоа е причината што ова лето стартувавме со акција на СН Осигурителен Брокер и СН Мото центарот за 15% попуст на приватно здравствено осигурување.  Со секоја искористена услуга во СН Мото Центарот, членка на СН Групацијата, следуваат 15% попуст за секоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување. Пакетот SN Eurohealth од СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува квалитетна здравствена грижа на најдобар начин и под најповолни услови, односно лекување и користење на здравствени услуги во сите приватни здравствени установи во државата.“-вели Москов.

Уште една акција на СН Осигурителен Брокер, СН Мото центарот и Триглав Осигурување Живот привлече големо внимание ова лето. Тоа е акцијата која трае до крајот на јули, а со која промотивно е предвидена ГРАТИС Полиса за животно осигурување со осигурена сума од 90.000 денари, која се добива со секоја  комплетна регистрација на возило во СН Мото Центарот, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје.

СН Мото центарот, како ултра модерна станица за технички преглед, која ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот веќе прераснува во доверлив партнер на возачите во скопскиот регион. Покрај технички преглед, во СН Мото Центарот возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, Хомологација, А-тест, ПТЕУ, АДР, Цемт сертификати, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување. Преку нашето брокерско друштво ги издаваме сите видови полиси и пакети на осигурителниот пазар во делот на неживотно и животно осигурување како што се: осигурување од автоодговорност, зелен картон, каско, имотно осигурување, приватно здравствено осигурување, колективно осигурување, животно осигурување, транспортно осигурување, ЦМР, професионална и општа одговорност, асистенција и на пат, патничко осигурување итн…“-вели Москов, изразувајќи задоволство што граѓаните се обраќаат во СН Мото центарот за сите видови осигурување.

Осигурувањето имот е меѓу класите каде се бележи раст од10,5 отсто. Вкупните вложувања на граѓаните и правнителица за осигурување имот достигнале 612 милиони денари, при што се склучени речиси 38.500 договори за осигурување имот и нивниот број е за 6 отсто поголем од истиот период лани, покажуваат податоците на АСО.

„Граѓаните најчесто ни се обраќаат со прашање како да изберат осигурување со кое најдобро ќе ги заштитат и семејството и имотот. При изборот на осигурување најдобро е да се консултирате со лиценциран брокер, кој согласно со вашите потреби ќе ви понуди најдобра опција и ќе ви изработи полиса која ќе ги задоволи вашите барања. Предноста на осигурителните брокерите е што се секогаш се информирани со сите новости и понуди на осигурителниот пазар и тоа им овозможува да направат споредба на сите осигурителни пакети. На тој начин можат да изберат најсоодветен пакет согласно потребите и барањата на клиентот. Во СН Осигурителен Брокер работат високо квалификувани експерти со повеќе од 15 години искуство на осигурителниот пазар, секогаш фокусирани на потребите и очекувањата на нашите клиенти. На едно место се нудат сите осигурителни пакети, а консултациите се бесплатни. “-вели Москов.

При изборот на осигурување важно е дефинирање на ризиците кои ќе бидат покриени во полисата за осигурување, како и изборот на најдобра осигурителна компанија со финансиска стабилност и исплата на штети.

Бројни се ризиците кои можат да го загрозат и семејството и домот, вели Москов, објаснувајќи дека токму затоа СН Осигурителен брокер го креираше најсеопфатниот пакет за осигурување на имотот и членовите на семејството СН ДОМ. Пакетот покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет за домаќинско осигурување, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот, осигурување од незгода на сите членови во семејството, приватна одговорност итн…

За деловниот сектор СН Осигурителен Брокер го нуди пакетот за индустриско и бизнис осигурување. „И компаниите се секојдневно изложени на ризици кои се закана за нивниот долгогодишен труд и вложувања. Таквитеризици можат да доведат до прекин во работата и да доведат до сериозни последици по однос на деловните позиции на компанијата и нејзиното финансиско работење.Динамичното опкружување не остава простор за прекинување на работниот процес. Осигурувањето на деловните објекти, машините, опремата со која се работи, инсталациите и сите останати елементи неопходни во деловниот процес нуди поголема сигурност на бизнисот и заштита во моментите кога работите не одат во посакуваниот правец. Во случај на несакани случувања проследени со големи финансиски трошоци осигурувањетообезбедува финансиска заштита која може да значи и опстојување на бизнисот. Се гордееме со тоа што голем број компании препознаваат доверлив партнер во нас, што се темели на долгорочната соработка која ја негуваме и на позитивните резултати од истата. Тоа особено ни значи во турбулентното актуелно време кое генерира несигурност за деловниот свет и каде сигурноста се повеќе се вреднува и се бара се поголема финансиска заштита, а наша задача е да ја обезбедиме.“-вели Москов.

Поврзани новости