1.1K
Новинарката Катерина Гетева во Министерството за здравство е ангажирана како одговорна на Секторот за односи со јавноста, информираа од ресорното министерство.
Министерството нема портпарол, а сите изјави како и досега ќе ги даваат Министерот доц. д-р Венко Филипче, како и останатите раководители на Клиники и институции во склоп на Министерството.