Специјалниот германски пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл се очекува наскоро повтроно во Македонија.
Се очекува тоа да се случи четврток или петок. Како искусен дипломат, вистински дипломатски „тешкаш” и познавач на состојбите на Балканот и во Македонија, тој во координација со ЕУ и САД се вклучува во разрешувањето на политичката криза. Берлин е сериозно загрижен за демократијата и владеењето на правото во Македонија.
Тој при првата посета на земјава, се сретна со лидерите на политичките партии и ги ислуша нивните ставови. Изјава не даде, туку се огласи преку писмена изјава што ја испрати до медиумите германската амбасада. Во изјавата пишуваше дека е дојден првенствено за да ислуша.
„Дојдов да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од САД и ЕУ да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активна поддршка на тие напори. Развојот на настаните во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот“, напиша Хајндл.
Нема официјална потврда за новата посета на Хајндл.