Германскиот „Патриот“ ќе го обезбедува НАТО самитот во Литванија

by Fokus

Германија почна со распоредување на системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија за да го обезбеди самитот на НАТО во Вилнус за нешто помалку од две недели, соопштија денес вооружените сили на балтичката земја.

Членката на ЕУ објави фотографии на кои се гледа влезот на конвој на германската армија во Вилнус, главниот град на Литванија.

На 11 и 12 јули во Вилнус ќе се одржи состанок на западната воена алијанса на највисоко ниво. Литванија се граничи со руската ексклава Калининград и Белорусија, близок руски сојузник.

Ова е прво распоредување на ракети Патриот во Литванија, соопшти литванската војска. Со системот ќе управуваат германски војници.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето на „патриот“ се врши на барање на НАТО и во тесна консултација со Литванија.

Германија ќе придонесе и со копнени, воздушни и поморски капацитети за обезбедување на самитот на НАТО, се вели во соопштението.

Поврзани новости