Германскиот канцелат Олаф Шолц добил изненадувачка прегратка од непознат маж на аеродромот во Франкфурт, пренесуваат германските медиуми, пренесе МИА.
Според пишувањата на германските медиуми непознат 48-годишен маж, за кој само се наведува дека има грчко презиме, се приклучил на конвојот возила во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц во приватен автомобил. Кога конвојот пристигнал на пистата на аеродромот во Франкфурт, успеал да стигне до канцеларот, да го зграпчи и да го прегрне.
Инцидентот се случил во средата околу еден час пред полноќ, само неколку моменти пред Шолц да се качи во владиниот авион, пишува „Билд“
Канцеларот по прсолавата на дваесети петиот роденден на Европската централна банка (ЕЦБ) ја напуштил зградата на банката и заедно со министерот за финансии Кристијан Линднер се упатиле кон аеродромот.
Тие патувале во блиндирани лимузини, а полицајците на државната полиција на Хесен со патролни автомобили и мотоцикли го обезбедуваа владиниот конвој.
Телохранителите на канцеларот седеа во два службени автомобили на Шолц. Попатно, зад последното патролно возило одеднаш се појавил приватен автомобил. Зад воланот бил човек кој подоцна ќе тврди дека мислел дека се работи за голема семејна венчавка. Полицајците очигледно не го забележале автомобилот кој не бил дел од владиниот конвој.
Обезбедувањето на аеродромот во Франкфурт го пуштило да го мине патот до пистата, иако регистарската табличка не била однапред објавена како сите други.
Колоната продолжила кон владиниот авион Ербас А319. Сите членови на делегацијата, меѓу кои и Линднер, почнале да се качуваат во авионот, но не и Шолц.
Тој имал службен телефонски разговор во неговиот автомобил, кој траел неколку минути. Канцеларот сè уште го чувале телохранители на БКА и полицијата.
Потоа Шолц излегол од лимузината сакајќи да и се заблагодари на полицијата и, како што често се случува, да се фотографира за спомен.
Во тој момент мажот го напуштил своето возило, ненадејно се упатил кон Шолац, се ракувал со него и го притиснал на градите.
Дури кога човекот го ослободил Шолц, телохранителите ја препознале опасната ситуација. Во тој момент сите сфатиле дека не знаат кој е човекот, па брзо бил уапсен.
Кабинетот на канцеларот објави дека „за Олаф Шолц тоа не бил голем инцидент во конкретната ситуација, само изненадувачки топла прегратка. Во ретроспектива, станува јасно што можело да се случи“.
Германските медиуми наведуваат дека обезбедувањето на Шолц покајнички ја признало грешката и навеле дека „Ова никогаш повеќе не смее да се повтори“.