423
Германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих повика опозицијата да не го блокира процесот и да се најде решение во Собранието.
На Македонско-германскиот форум во Скопје „Градиме мостови – политики и економија“, кој се одржува денеска, тој рече дека лично се надева оти опозицијата ќе се вклучи во процесот и нема да ја оддалечува земјата од Европската Унија и НАТО.
Амбасадорот Герберих жали што излезеноста на референдумот била само 36 процети но, како што нагласи, референдумското изјазнување било консултативно, а не обврзувачко, и затоа процесот треба да продолжи во институциите.