Бомба во “Титаник”: Нека работи за нас за изборите, или ќе лета од работа!

by fokus

За локалните збори во 2013 година важен бил секој глас, особено за општина Центар, каде што политичката борба беше најжестока. Затоа во еден од разговорите објавен на судењето за случајот “Титаник” се слуша како тогашниот министер Миле Јанакиески е нервозен што вработен на аеродром агитирал за Андреј Жерновски, кандидатот на СДСМ.

-Нешо работи како пожарникар на аеродром. Работи за Жерновски. Кажи му да работи за нас или ќе лета од работа, му вели Јанакиески на соговорник.

Соговорникот пак му вели дека тој е другар на Бучковски, и знаел дека не е нивен.

-Ѓубре е тој и во синдикат е пикнат, му вели соговорникот, но додава дека не може да му се закани, по што Јанакиески му вели слободно да кажел дека така му порачал министерот, односно тој.

Во разговор меѓу Јанакиески и Билјана Бришковска Бошковски се дознава дека и културните работници биле потсетувани дека треба да излезат на гласање. Поточно биле испраќани писма до директори, на како што вели Јанакиески културни институции, кои требало да ги потсетат своите вработени да излезат на гласање во Центар.

Поврзани новости