Германскиот амбасадор: Северна Македонија веќе ги забрза реформите за започнување преговори

by fokus

Западен Балкан е регион од стратешко значење за Европската Унија и не смееме да го запоставиме овој регион од наш сопствен интерес. Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите.

Ова во интервју за МИА го порача германскиот амбасадор, Томас Герберих, кој истакна дека големо преовладувачко мнозинство на ЕУ-државите веќе се изјасниле за започнување на преговорите.

-Недостигаат само уште неколку. Се надевам дека земјите-членки на Европската Унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе може да постигнат согласност за отворање на преговорите, вели Герберих.

Во врска со реформите на правосудството и каде СЈО потфрлило на патот на справување со високиот криминал и корупција, Герберих вели дека не му доликува да ја коментирам работата на правосудството.

Но, вели негово лично мислење е дека и покрај сите недостатоци формирањето на СЈО поттикна процес, а неуспехот на поединци, додава тој не е индиција за тоа дека целиот систем е погрешно поставен.

Поврзани новости