Германски пратеник поднесе оставка поради пари од ВМРО-ДПМНЕ за консултантски услуги

by Фокус

Тобиас Цех, пратеник од Христијанско социјалната унија (ЦСУ) е уште еден од низата пратеници кои го вратија мандатот во Бундестагот.

Како што пишува германски Шпигел, причина за ова се обвинувањата за Цех дека преку консултантска фирма вршел услуги за македонската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ во времето кога Никола Груевски беше нејзин претседател.

Германскиот пратеник ги демантирал наводите, но одлучил да се повлече од функцијата пратеник со цел, како што образложил да ги отфрли потенцијалните прерасуди.

Како што објавува Шпигел, приватната фирма на Цех примала петоцифрени хонорари за консултантски услуги на ВМРО-ДПМНЕ.

„На чело на партијата беше корумпираниот политичар Никола Груевски“, пишува весникот.

Во текот на 2016 и 2017 година германскиот пратеник во повеќе наврати се среќавал со Груевски и тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости