Германски мултимилионер на работниците им ја подарил целата компанија

by Fokus

Германскиот крал на модата, мултимилионер и успешен бизнисмен – Хелмут Шлотерет ја подари својата модна куќа „Марк Кејн“ на своите вработени!

Станува збор за потег за кој зуи цела Германија и кој ја изненади јавноста. Неговата успешна компанија се наоѓа во покраината Баден-Виртемберг.

Сите акции што ги имаше тој им ги префрли на своите вработени, кои ќе продолжат да ја произведуваат женската гардероба која го прослави низ Германија, а е позната и во светот.

Шефот и основач на успешната компанија беше на нејзино чело 50 години, а пред неполни три години донесе продажба вредна 200 милиони евра.

Сега со компанијата ќе управува нешто како работнички совет во кој се сите секторски раководители.

„Најважно ми е компанијата да биде во вистински раце, бидејќи продажбата никогаш не била моја опција, а бидејќи јас и сопругата немаме деца, така решив“, изјави богатиот Германец, кој се наоѓа и на листата на Форбс.

Поврзани новости