489
Германскиот министер за правда, Марко Бушман за весникот Цајт изјави дека доколку рускиот претсеадтел стапне на германска територија, тие веднаш ќе го уапсат.
-Очекувам дека Меѓународниот кривичен суд наскоро ќе стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-членки, и ќе побара од нив да ја спроведат (наредбата). Тогаш Германија ќе има обврска да го уапси претседателот Владимир Путин кога ќе пристигне на германска територија и да му го предаде пред Меѓународниот кривичен суд“, рече германскиот министер.
Тој додаде дека барањата на Меѓународниот кривичен суд ќе бидат спроведени доколку „ногата на Путин стапне на територијата на Германија“, бидејќи Германија ја признава јурисдикцијата на судот.