19 лица загинаа откако автобус излетал од автопат во Бангладеш

by fokus

Најмалку 19 лица загинаа, а 12 се тешко повредени откако автобус во Бангладеш излетал од автопат и паднал во канал.

Возачот на автобусот ја изгубил контролата врз возилото, по што автобусот ја пробил заштитната ограда од автопатот и паднал во канал длабок девет метри.

Несреќата со случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите повредени се пренесени во болница во главниот град Дака, рече шефот на локалната полиција Масуд Алам.

Поврзани новости