Вчера вечер ПроКредит Банка им подари на граѓаните спектакуларно доживување- небо од бои и ноти и многу позитивна енергија. Настанот беше организиран по повод 12 годишното успешно работење на германската ПроКредит Банка во Македонија.
Дождот кој врнеше постојано до самиот почеток на настанот не ја спречи позитивната енерегија. Во Градскиот Парк во Скопје дојдоа многу родители и деца, клиенти и долгогодишни партнери на ПроКредит Банка, бројни граѓани. Присутните уживаа во несекојдневното дружење во природа-со мирисот на липи и трева, со добра музика и многу позитивна енергија. Настанот започна со едукативни игри и креативните работилници за најмладите. Вечерта граѓаните имаа можност да уживаат во едночасовен концерт на камерниот оркестар предводен од Емин Џијан, чија музика беше изведена за прв пат со цел подарокот од ПроКредит Банка за граѓаните да биде уникатно доживување. Како завршница небото над Скопје го обои спектакуларен музички огномет, кој за прв пат се изведе во Македонија и беше незаборавно доживување за граѓаните.
‘- Овој ден го посветуваме на позитивната енергија, бидејќи тоа е движечка сила на секој од нас. 12 годишното успешено работење на ПроКредит во Македонија сакаме да го прославиме на еден поинаков начин-со уникатен настан на отворено, настан кој е подарок за сите граѓани. Она што Ви го подаруваме вечер е токму во духот на ПроКредит – позитивна енергија, уникатност и ентузијазам во се што работиме – порачаа од ПроКредит Банка на настанот.
Пред 12 години германската ПроКредит започна со работа во Македонија како специјалирана банка за финансиска услуга за мали и средни претпријатија. ПроКредит Банка веќе 12 години е енергична и прогресивна банка на бизнисите и граѓаните.