Германската полиција со рација во домовите на еколошки активисти, осомничени за финансирање криминални дејства

by Fokus

Германската полиција изврши претреси во домовите на активистите од еколошката група „Последна генерација“. Тие се товарат дека организирале кампања за собирање средства за финансирање криминални дејствија.

Полицијата соопшти дека пребарала петнаесет имоти поврзани со членови на климатската група „Последна генерација“, кои се осомничени дека помагале во финансирање на криминал.Рациите беа поврзани со низа обвиненија поднесени против активисти од групата од средината на минатата година, соопштија властите, пишуваат германските медиуми.

Интернет страницата за „Последната генерација“ во Германија е затворена по барање на обвинителството, соопшти полицијата

Канцеларијата на баварската државна криминалистичка полиција (BLKA) и Канцеларијата на Генералното јавно обвинителство во Минхен објавија дека полицајците извршиле претреси на имоти во седум покраини низ Германија од 7 часот наутро.
Седум осомничени меѓу 22 и 38 години се обвинети за формирање или поддршка на криминална организација, иако официјалните лица рекоа дека сè уште немало апсења.

Двајца од осомничените наводно планирале да го саботираат нафтоводот што го поврзува баварскиот град Инголштад со пристаништето Трст во Италија. Гасоводот се смета за критичен дел од инфраструктурата во Баварија.

Осомничените се обвинети дека собрале најмалку 1,4 милиони евра за финансирање криминални активности.

Полициските рации беа извршени во покраините Хесен, Хамбург, Саксонија-Анхалт, Саксонија, Баварија, Берлин и Шлезвиг-Холштајн. Околу 170 полицајци беа распоредени низ целата земја за операцијата.

Активистите за климата го блокираат сообраќајот во Берлин.

Претресите, кои беа придружени со наредба за одземање на две банкарски сметки и други средства, се вели дека имале за цел да се обезбедат докази за структурата на членството и финансирањето на „Последната генерација“.

Последната истрага уследи по истрагата што ја започна лани обвинителите во Нојрупин, надвор од Берлин, за дејствија насочени кон нафтена рафинерија во источна Германија.

Групата „Последна генерација“ во неколку наврати го блокираше сообраќајот во Берлин и другите градови во својата кампања за притисок за построги акции за да се спротивстави на глобалното затоплување. Освен што се лепат по прометните раскрсници и автопати, нејзините членови таргетираа и разни уметнички дела и експонати.

 

Поврзани новости