Локализиран пожарот во Загреб, се запалил магацин со автоделови

by Fokus

Пожарот што избувна денеска околу 15 часот во Загреб е локализиран, нема повредени, а од загрепската полиција велат дека според првичните информации се запалил магацин за автоделови.

Од Хрватското противпожарно друштво известија дека пожарот е локализиран околу 15 часот и 30 минути.Според моментално достапните податоци, зафатена е зграда на приземје, односно деловен простор, а се работи за објект кој не е во употреба.

Во моментов на интервенција се 28 пожарникари со девет противпожарни возила од ЈВП Загреб, ДВД Ботинец и ДВД Света Клара.

Повеќе детали ќе бидат познати по истрагата, велат од полицијата и додаваат дека пожарот не ги загрозил околните објекти.

Поврзани новости