Димовски: СДСМ се обидува да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека законските измени што денеска ги предложи опозицијата биле несериозни предлози за дневно политички маркетинг, а СДСМ се обидувала да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ се обидува да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ, а фактот дека долго не работеа се гледа и во тоа што се обидуваат да играат неискусна маалска игра. Ќе ја лажат јавноста, ќе ветуваат се и сешто, само да да придобијат симпатии, изјави Димовски.

За предложеното решение на СДСМ за минамална плата да се зголеми од сегашните 9.590 на 11.000 денари, Димовски рече дека  фирмте нема да можеле тоа да го поднесат тоа и 30.000 луѓе веднаш ќе биле избркани од работа. За предлогот за укинување на екстерното тестирање, Димовски вели дека тоа било обид СДСМ да придобие поени на грбот на децата.

Поврзани новости