Новиот премиер, Димитар Ковачевски рано утрово ја презеде функцијата и кабинетот од Зоран Заев и веднаш почна со приеми, посети, средби, но и владина седница која е прва што ќе ја води тој.
Министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман беше прва гостинка на Ковачевски.
Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот со министерката Ана Лирман, Ковачевски изразил благодарност што новата влада на Германија, предводена од канцеларот Олаф Шолц, експлицитно ја нагласи потребата без натамошно одложување да се отворат првите преговарачки поглавја со Северна Македонија и Албанија како следен чекор на проширувањето на ЕУ кон регионот.
После Лирман, следна гостинка на Ковачевски беше амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз.
Амбасадорката Брнз на средбата му го честитала изборот за премиер на Ковачевски и му посакала успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет, меѓу кои соработката со САД.
Премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз разговарале и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Северна Македонија.
Амбасадорката Кејт Мари Брнз потенцирала дека за САД односите меѓу двете земји, како најблиски соседи и сојузници во НАТО, е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Ковачевски потоа замина на прием кај претседателот на државата Стево Пендаровски го претстави новиот владин состав.
По посетата кај претседателот имаше тој ја одржа првата седница, со почеток во 14 часот. Новиот состав на Владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав.
Претседателот на Владата Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања.