Ќе остане ли државава со прстот в уста ако избегаат Мијалков и Камчев?!

Веќе се шират и првите прогнози за тоа кои термини се најпогодни за бегство. На Камчев терминот му е врзан со „Империја“, а на Мијалков со „Таргет и Тврдина“

by fokus

Историјата се повторува, или подобро речено, македонската Јустиција неодамна доживеа дежа ву.

Речиси се преслика крајот на 2018 година, кога некогашната најмоќна бизнис-двојка Сашо Мијалков и Орце Камчев во очи Нова година излегоа од истражниот затвор „Шутка“. Тогаш прв се израдува Камчев, а по само два дена, на 29 декември, ќелијата се отвори и за Мијалков.

Сега, пак, три години подоцна, среќата прва му се насмевна на Мијалков, кој повторно на слобода ја дочека најлудата ноќ, а и Камчев ја избегна притворската журка. Во тој период престојуваше во Систина, а на ден пред Бадник и тој си замина дома.

Излезот на двајцата потенцијални бегалци им го овозможија судии од Апелација, кои премерија дека гаранциите, проценети на по 11 милиони евра, ќе ги задржат милионерите дома, односно нема да избегаат. Или што би рекле кумановци, „Ризик јак, душа мила, колко можеш ќе се спасиш“.

Кој ќе се спаси, а кој ќе го јаде стапот останува да се стрпиме, но она што може сега да се дискутира е колку гаранциите на двајцата моќници се чисти и реални, односно дали во случај на бегство државата навистина би можела да се офајди, или би останала со празни џебови, како во случајот со неуспешната конфискација на имотот на бизнисменот Сеад Кочан?!

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Валентина Вурмо

Поврзани новости