655
Германија планира да отвори лаборатории во кои генетски ќе се истражуваат примероци од Ковид-19, за да се утврди дали се поклопуваат со новиот вид корона вирус, што се шири во Велика Британија и во Јужна Африка.
Германската Владата ќе обезбеди 200 милиони евра за таквите лаборатории.
Многу е важно во краток рој да утврдиме кои мутации носат одредени ризици. Мораме веднаш да ги забележиме видовите што лесно се пренесуваат. Новите видови на Ковид-19 можат да ја направат болеста поопасна и корона вирусот да стане поотпорен на вакцината.
Германија досега беше помалку активна во испитувањето на генетското секвенцирање во однос на Велика Британија, Данска и Финска.