ФБИ: Вооружена група спрема бунт ако Трамп предвреме биде отстранет од функцијата

by fokus

Вооружена група планира „голем бунт“ во Вашингтон, доколку Доналд Трамп биде отстранет со 25-от амандман, јавија американски медиуми.

На истражителите им било кажано дека ако „Конгресот се обиде да го отстрани со 25-от амандман, ќе се случи голем бунт“, се наведува  во дневниот билтен на ФБИ, јави Еј-Би-Си Њуз.

ФБИ исто така добиле информација дека екстремистичките приврзаници на Трамп повикуваат и на „упад“ во зградите на државните, федералните и локалните власти пред инаугурацијата на Џо Бајден

– Вооружени протести се планираат во сите 50 државни главни градови од 16 јануари до најмалку 20 јануари, а на Капитол од 17 јануари до 20 јануари, се наведува во билтенот на ФБИ, јави телевизијата.

Поврзани новости