Германија: Вакцината на АстраЗенека треба да се дава само на лица под 65 години

by fokus 14:56
14:56

Вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 треба да се дава само на лица на возраст под 65 години, соопшти денеска германскиот комитет за вакцини во ажурираната препорака за вакцини, наведувајќи дека има недоволно податоци за препорака на употреба на оваа вакцина на постари возрасни групи.

„Во моментов нема доволно податоци за да се процени ефикасноста на вакцината за лица над 65 години“, соопшти комитетот во одлуката ставена на располагање на германското Министерство за здравство.

- Advertisements -

Вакцината на АстраЗенека, за разлика од мРНК вакцината, треба да им се нуди само на лица на возраст од 18 до 64 години во секоја фаза, се вели во соопштението.

Европската агенција за лекови утре ќе донесе одлука за одобрување на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.

Поврзани новости