Џафери: Како да го ставам Села прв на листата, кога го немаше на листата

by fokus

Пратениците од Алијанса/Алтернатива во знак на протест ја напуштија салата незадоволни што лидерот на Алијанса на Албанците е ставен како петти на списокот со пријавени пратеници за поставување прашање.
Обвинија дека претседателот на Собранието ја блокира албанската опозиција и најавија дека нема да дозволат во иднина да се одржи седница на пратенички прашања доколку некој од албанската опозиција не е меѓу првите на списокот за поставување пратенички прашања.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери пак образложи дека во листата со пратеници што му била доставена во предвидениот рок од страна на координаторот на коалицијата Алијанса/Алтернатива не бил ставен претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.

– Во текот на вчерашниот ден во 15 часот, заменикот координаторот Сурија Решити до мене достави барање прв од листата на Алтернатива/Алијанса да биде Зијадин Села. Ако докрај бев доследен со Деловникот, ова писмо требаше да ви го вратам, но тоа не го сторив, затоа што станува збор за претседател на партија, иако на претходната листа Села не беше пријавен, истакна Џафери по што даде пауза од еден час.

Поврзани новости