Германија со критики за САД: Цените на гасот им се астрономски

by Fokus

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, за весникот Оснабрикер цајтунг, изјави дека цените на гасот од Соединетите Американски Држави се „астрономски“.

Во потрагата по алтернатива за рускиот гас државите од Европската Унија мора да плаќаат многу повисоки цени, пред сè за течниот нафтен гас, поради што Хабек критикуваше одделни земји кои испорачуваат гас по огромни цени, пред сè САД.

-САД ни се обратија кога цените на нафтата отидоа во небо и кога во Европа се црпеше од националните нафтени резерви. Сметам дека солидарноста сега би била добра за намалување на цените на гасот, порача германскиот министер.

ЕУ, кажа Хабек, би требало да ја обедини својата пазарна моќ и да координира паметно и синхронизирано купување, за одделни земји да не се натпреваруваат и да го поттикнуваат растот на цените на светските пазари.

-Европската пазарна моќ е огромна и мора да биде искористена, истакна Хабек.

Поврзани новости