Германското Министерство за одбрана сака да го олесни отстранувањето на екстремистите од армијата. Барањето е поднесено во време кога во земјава се води истрага за екстремно десничарскиот заговор за државен удар, во кој бил вклучен и активен воен офицер, јави ДПА.
Министерството денеска соопшти дека има за цел промена на законот што ќе создаде услови за отстранување на војниците од армијата без да се оди низ целата законска процедура.
Минатата недела во 11 сојузни држави на Германија без извршени над 130 полициски рации во копи цел на истраги се членови на група поврзана со движењето „Граѓани на Рајхот“. Групата беше обвинета дека се обидела да создаде свои вооружени сили за да ја собори владата и да ја преземе власта. Поранешен пратеник, воен офицер и аристократ се меѓу многуте осомничени за вмешаност во групата.
„Граѓаните на Рајхот“ не ја признаваат легитимноста на германската држава и често одбиваат да плаќаат даноци и казни, а во некои случаи илегално складираа оружје.
-Последните претреси и апсења во врска со „Граѓаните на Рајхот“ ја покажуваат важноста да се биде буден и постојано да преземаме мерки против екстремистите и непријателите на уставот со сите средства на владеењето на правото, изјави министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.
Предлог-законот што го подготви нејзиното министерство предвидува разрешување поради нелојалност кон уставот.