465
Германија денеска одлучи привремено да воведе контроли на границата со Австрија од каде секојдневно има огромен наплив на мигранти. Со ова, Берлин привремено го суспендира договорот од Шенген за слободно движење во Европа.
Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мазиер, ја потврди одлуката за воведување контроли на германско-австриската граница и рече дека мигрантите треба да разберат дека не можат да бираат во која земја да бараат азил.
Според европските правила, азил треба да се бара во првата земја на ЕУ во која мигрантот влегува и министерот нагласи дека ова правило треба да се почитува.
Само во градот Минхен во текот на две недели дошле 63.000 бегалци, од кои дури 13.ооо само во вчерашниот ден.