Германија најавува ограничувања за невакцинираните граѓани

by fokus

Германија денеска соопшти дека можеби е потребно да се воведат ограничувања за невакцинираните лица, доколку бројот на заразени во земјата во следните месеци повторно достигне максимум.

Шефот на кабинет на германската канцеларка, Хелге Браун, за „Билд ам Зонтаг“ изјави дека не очекува уште еден локдаун поради коронавирусот во Германија.

Браун кажа дека на невакцинираните лица ќе им биде забрането да влегуваат во ресторани, кина и стадиони, бидејќи ризикот е преголем.

Тој додаде дека „вакцинираните сигурно ќе имаат поголема слобода од невакцинираните“.

Ваквите мерки, како што оцени, би биле законски затоа што „државата има одговорност да го штити здравјето на своите граѓани“.

Поврзани новости