Германија планира да потпише безбедносен договор со Северна Македонија следната недела за соработка во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Потпишувањето е закажано на 17 октомври, според одговорот на германската влада на пратеничкото прашање на левичарот Андреј Хунко, јави германската новинска агенција ДПА.
Разговорите поврзани со безбедноста се уште се одвиваат меѓу германскиот министер за внатрешни работи Хорст Шехофер и неговиот македонски колега Оливер Спасовски.
Северна Македонија е транзитна држава за мигрантите кои бараат спас во Западна Европа.
Германскиот министер неодамна изјави дека работната група за Западниот Балкан иницирана од Австрија има за цел да постигне „координирани, континуирани истраги за разбивање на криумчарски мрежи и ланци на трговија со луѓе.
За да се постигне ова договорено е зголемување на размената на информации со полициската европска агенција Еуропол и граничната Фронтекс. МИА