Германската влада подготвува реформа на законот за имиграција, чија цел е да се забрза доселувањето на квалификувана работна сила, пренесува Дојче Веле.
Правилото за имиграција за шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија) беше воведено на почетокот на 2016 година, меѓу другото, за да се спречи практиката со која жителите на овие земји се обидуваат да го користат имиграцискиот систем азил за добивање работна дозвола за Германија, пишува DW.
Во четвртокот Бундестагот за првпат расправаше за предлогот за нов закон за имиграција кој подобро ќе го регулира приливот на многу потребната работна сила во Германија.
Правилото за Западен Балкан не е дел од новиот закон за имиграција, туку е дел од одредбата за која паралелно се разговара во редовите на социјалдемократската-зелено-либералната влада.
Според информациите на ДВ, Министерството за труд во четврток треба да донесе одредба според која правилото за Западен Балкан се продолжува за една година, а контингентот се зголемува од сегашните 25 проценти на 50 илјади годишно.