Во заедничка операција во Германија и во Швајцарија беа уапсени наводни членови и поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“.
Три лица се приведени синоќа во Швајцарија во кантоните Цирих, Сент Гален и Луцерн, информираше швајцарското Обвинителство, откако властите извршиле седум претреси.
Тие се осомничени дека се членови или поддржувачи на забранетата терористичка организација „Исламска држава“, соопштија властите.
Едно лице е уапсено во германскиот град Ремерберг, соопшти германското федерално Обвинителство.
Уапсениот Алем Н. е осомничен за „подготвување акт на насилство, што може да ја загрози безбедноста на државата, а исто така и дека е член на странска терористичка организација“, се наведува во соопштението.
Наводно, тој отишол на кратко во Сирија во септември 2020 година, а потоа, „најдоцна во април 2021 година, повторно отишол во Германија, каде станал член на „Исламска држава““.
„Основната задача му била да преведува официјални текстови, видеоклипови и аудио соопштенија на „Исламска држава“, од арапски на германски јазик и да ги дистрибуира преку различни канали на апликацијата за комуникација Телеграм во германското говорно подрачје“, се појаснува во соопштението.