Спасовски: ВМРО е партијата која го крши договорот

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ е страната која не сака договор со цел целосно надминување на политичката криза и спроведување на фер и демократски избори, изјави генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

–  ВМРО-ДПМНЕ го крши договорот од Пржино. Помошниците специјални обвинители се уште не се избрани, а специјалната обвинителка не може да почне со работа, а нема договор за законот за влада со кој се предвидени надлежностите на министрите и на замениците-министри. Очигледно од ВМРО-ДПМНЕ се плашат да не бидат откриени сите нивни криминали- рече Спасовски.

Ваквата реакција следува откако Антонијо Милошоски од владејачката партија обвини дека опозицијата намерно ги кочи преговорите за да ги изнегне изборите, што земјата ќе го плати со загубена рпепорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Поврзани новости