Германија бара да не се спречува мирно решение на спорот за името

by Фокус

Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот, повика на мирно решение без никакви пречки на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

-Подготвени сме да дадеме секаква поддршка за решение на името. Ги повикуваме сите да не спречуваат изнаоѓање на мирно решение. Се работи за стабилност и мир во целиот регион и европската перспектива е најдобрата алатка за да нашите принципи бидат земени предвид. Надминувањето на спорот за името е многу важна точка, оптимист сум за следните денови – рече Рот.

Поврзани новости